Две лица приведени на Бит пазар за поседување марихуана

На 09.09.2019 во 15.00 часот полициски службеници од СВР Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, ги лишиле од слобода Е.А.(30) и Т.А.(22), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.