Дванаесет години од последниот концерт на Тоше Проески

На 5 октомври, пред точно дванаесет години Тоше Проески го одржа својот последен концерт, кој беше хуманитарен и овозможи десетици илјади евра за обновување на училиштата во Македонија. 

На почетокот ја изрази својата огромна среќа и посака за неколку години сцената да биде од другата страна и да има уште повеќе посетители.

Денес, двенаесет години подоцна Тоше не е помеѓу нас, но спомените и сеќавањата за концертот живеат како да беше вчера.

Тој загина само неколку дена по неговиот последен концерт, на 16 октомври 2007 година. Во продолжение погледнете го концертот: