Двајца вооружени разбојници ограбиле црква во Катланово

Двајца вооружени разбојници ограбиле црква во скопското село Катланово.

Според полицијата, вчера во 16.10 часот, граѓанин пријавил дека во црквa лоциранa на 150 метри пред Катлановска бања, две лица вооружени со пиштоли, влегле во објектот каде престојува Е.Ѓ.(75) од Гостивар (истата била служител на црковниот храм). Тие и се заканиле на жената, ја седнале на стол и ги врзале рацете одзади и побарале да им ги даде парите.

Откако им кажала дека нема пари, сторителите ги земале парите кои биле собрани за црквата. Потоа на Е.Ѓ. и го одзеле ланецот кој го носела на себе и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.