Двајца скопјани нападнати од кучиња во текот на вчерашниот ден

Два случаи на граѓани нападнати од кучиња во Скопје се регистрирани од полицијата во текот на вчерашниот ден.

Во Полициска станица Центар, С.С. (54) од Скопје, вчера пријавила дека претходниот ден околу 14.30 часот на ул. Јужен Булевар била нападната од куче скитник, кое ја каснало во пределот на левата надколеница.

На 21.12.2017 година околу 17.40 часот на ул. Тиранска, С.Ѓ. (49) од Скопје пријавил дека бил нападнат од куче од расата шарпланинец, при што бил изгризан по телото, поточно стомакот, нозете и раката. По нападот С.Ѓ. добил медицинска помош во Ургентен центар-Скопје.