Државата ќе го разгледува барањето за да ја намали цената на пивото

Државата ќе го разгледа проблемот со високата акциза на пивото и ќе се обиде да најде решение во интерес на сите.

Поради континуираниот пад на пивската индустрија во последната деценија, компаниите бараат акцизата да се намали од четири на три денари за литар алкохолен степен и наместо 32,5 да изнесува 24,4 евра.

Во населбата Идризово беше означен почетокот на изградбата на нов дистрибутивен центар на Прилепска пиварница. Објектот ќе се простира на 5.000 метри квадратни, а се наоѓа веднаш до постоечкиот објект на компанијата.

Прилепска пиварница ќе вложи 3,5 милиони евра сопствени пари, а во него ќе се вработат 30тина луѓе.

Според менаџментот на компанијата, објектот треба да биде готов до крајот на годинава.