Дрвјата во Аеродром ослободени од асфалтот

Општина Аеродром ја информира јавноста дека при изведбата на завршните работи од изградбата на новиот паркинг што се наоѓа во непосредна близина на градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче, едно од дрвјата беше затворено со асфалт.

Всушност, не станува збор за пропуст, туку за решение за задржување на континуитетот при асфалтирањето.

Екипите што работат на терен денеска го отстранија асфалтот и поставуваат рабови околу дрвото. Паркингот, со кој се обезбедуваат 50 нови места, сосема е адаптиран кон просторот и притоа се зачувани сите дрвја на постојната локација, информираат од општината.