Другарски билет за ,,Здраво млади” во МКЦ

Останува уште еден ден за набавка на единечен билет за ,,Здраво млади” по промо цена од 400 денари. Достапни на Билетарница во МКЦ и online преку продажната мрежа bileti.mkc.mk.

Од четврток (15 август) до 30 август цената на билетите ќе биде 600 денари. На ден на фестивал билетите ќе изнесуваат 800 денари.

Како и секоја година, така и оваа фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ нуди опција за набавка на т.н. „Другарски билет“(4+1 гратис) пакет кој изнесува 2 000 денари. Пакетите се во ограничен број и ќе бидат достапни од утре.

На 31 август на Здраво млади во МКЦ ќе настапат Nipplepeople, Operators, Svemirko, Mueran Humanos, Rib, Fujiya & Miyagi, Stojche, Vivian Koch, Conforce, Alex Acid, ZeeBomb, Matej Foltz, Dillon и Зденко Петровски со неговата прва самостојна изложба на фотографии насловена „МКЦ документ“.