Дремете на работното место? Пробајте го ова за прилив на енергија

Се чувствувате слабо, уморно и не ви се прави ништо? Дремете на работното место? Не треба да посегнувате по енергетски пијалоци. Обидете се со некој од овие производи и сигурно ќе ве преплави енергија.

Спанаќ

Постои ли нешто што спанаќот не може да го реши? Полн е со хранливи материи – влакна, витамин К (за коските), лутеин (за очите), а некои истражувања покажуваат дека им помага на мускулите при вежбањето. Во него има и многу железо, што значи дека може да ве „крене“ кога сте уморни.

Сок од портокал

Витаминот Ц помага во производството на карнитин кој маснотиите ги претвора во енергија. Чашата цеден сок од портокал, плус доволно овошје и зеленчук (пиперка, брокула, јагоди) и ќе пукате од енергија.

Банани

Уште една чудотворна намирница полна со хранливи материи. Бананата ќе ви даде енергија и ќе го одржи стабилно нивото на шеќерот во крвта.

Јајца

Протеините од јајцата, особено оние од белката ни помагаат да останеме будни и да ја одржиме концентрацијата.

Грчки јогурт

Кремавиот деликатес ќе ви даде двојно повеќе протеини од обичниот јогурт што ќе ви помогне во одржувањето на енергетското ниво.

Киноа

Оваа житарка кај нас е занемарена, а може да се набави во продавниците за здрава храна. Нејзините сложени јагленохидрати го одржуваат нивото на шеќер во крвта, што значи дека енергијата нема нагло да ви падне.