Драмскиoт театар Скопје, со започнување на новата театарска сезона направи и промена на цената на влезниците.

Цената на билетот за претставите кои се на редовниот репертоар отсега ќе изнесува 200 денари за сите љубители на театарот, освен за оние кои се сеуште ученици и студенти за кои цената на билетот ќе изнесува 150 денари.

Премиерните изведби на претставите ќе чинат 300 денари, додека ценатата на билетот за детските претстави останува непроменета, односно 150 денари.