Драго мое срце, зошто си толку гладно?

Депресијата која се таложеше под површината на моето постоење за време на тинејџерските години, некако се проникна и во моите рани 20-ти.

Прилично успешно го криев сето тоа, тагата и меланхолијата. Го криев преку одење на предавања, добри оцени, имав друштво. Но, врнеше дожд во мојата душа. Јадев пици, сладоледи, пиев алкохол, праев се за да го оттргнам вниманието од моето срце кое молеше за љубов, внимание, нов живот и оздравување.

Но, чашата полека се полнеше, а јас бев скршена, лежев на подот од мојата соба, обидувајќи се да се соберам. Во таквите моменти сфатив дека јадењето и алкохолот не можат да го утешат моето срце. Всшност мислам дека тие и ме спречуваа да продолжам понатаму.

Срцето си има посебен јазик и кога е гладно се обидува да ни го каже тоа, но ние обично реагираме на погрешен начин, обично преку фрижидерот и баровите. Ако седнеме и размислиме и го слушаме нашето срце, ќе научиме одново да му веруваме на тој внатрешен глас кој ќе не одведе на поубави места и ќе создаде креативен и значаен живот.

Кога срцето е гладно, тоа може да се нахрани само со интимност. Интимноста е блиска поврзаност, длабочина која дава топлина, заедништво, блискост. Во нашите обиди да ги исполниме желбите на нашето срце, многу често создаваме погрешни интимни врски со храна, алкохол, игри, социјални мрежи, итн.

Иако овие можеби ги покажуваат симптомите, но еден ден можеби ќе се разбудиме и ќе сфатиме дека чашата се прелила и ќе сфатиме дека сакаме нешто повеќе, поголема интимност и блискост.

Ако го погледнеме животот како вртлог од енергија, сфаќаме дека нашите избори влијаат врз нашата способност да придонесеме некаде. На најосновно ниво, ние сме зафатени со јадење храна во обид да ја замолчиме болката и копнежите на нашето срце.

Тоа е и природен дел од животот, но многу е важно да имаме баланс во животот доколку сакаме да создадеме нешто коешто ќе го храни нашето срце. Па така, ако нашата умствена и физичка енергија ја трошиме на интернет, тогаш губиме енергија за да создадеме нешто убаво, значајно во овој свет.

Кога му одговараме на нашето срце, на повиците за човечки допир, за излекување, за креативност или комуникација со природата, а одговараме со масло коешто одговара на нашите физички тела, тогаш ја пренасочуваме нашата енергија од нашата душа, срце и ум. Кога нашата потреба за интимност ја храниме со физичка работа, можеби ќе почувствуваме одредено задоволство, но на крајот сепак остануваме празни.

Па така, откако бурата ќе заврши, се наоѓаме себеси како копнееме по уште поголема врска, а нашето срце и нашата душа се гладни и гладуваат.

И во тие моменти можеме да ги најдеме можностите да се храниме на поинаков начин, да ги негуваме нашите физички тела на едно посвесно ниво, а нашите емотивни и душевни тела да ги храниме на едно подлабоко и позначајно ниво.

Во длабочините на тие води можеме да ја најдеме храброста да ги поставиме прашањата кои со години ги игнорираме:

Каков вид на болка маскирам?
Што треба да направам за да ми биде подобро?
За каков живот сонувам?
Зошто, драго срце, си гладно?