Драга девојко, еве зошто се уште ја немаш пронајдено љубовта...

„Ќе треба да излегуваш со неколку кукавици, пред да запознаеш некој доволно храбрар за да те сака...“ – Р.Х.Син

Драга предобра, дива девојко,

Се се сведува на оној магичен момент кога ќе запознаеш некој кој е доволно храбар за да те сака токму таква каква што си.

Можеби ќе го запознаеш овој човек преку чашка виски, а можеби и сосема случајно додека нарачуваш кафе за носење.

Можеби веќе си го сретнала, но сега имаш нов пар очи за кои потребно било време за да ги создадеш.

Кога и да дојде овој магичен момент – ти дефинитивно ќе знаеш.

Никогаш не се работеше за тоа дека си била претешка, туку едноставно си била претешка за некој кој едноставно не можел да те задржи.

Иако и си имаш свои специфични карактеристики, невозможно е човек да не сака жена како тебе. 

Жена која секое утро се мие со надеж, додека ги чисти очите од грешките во минатото и се подготвува себеси за предизвиците на денот.

Жена која танцува на дождот со ѕвезден прав на нејзините потпетици кој се уште е таму од последниот пат кога ги следеше сопствените соништа.

Секогаш знаеше дека си родена за љубов и кога очите ќе ти паднат на мажот кој не може да се засити од тебе, ќе знаеш дека тој ја поседува храброста која другите ја немале.

Иако доволно пати ти се скрши срцето, овој човек, човекот кој ја има храброста да ти ја подаде својата рака и да го прифати хаосот кој ќе му го донесеш во животот, ќе направи да изгледа како да вределе сите тие исплакани ноќи.

Си удрила во многу ѕидови и си го почувствувала студениот воздух од вратите кои ти ги затворале пред твоето лице, но тоа е само за да сфатиш дека единствената љубов којашто ја заслужуваш е љубовта која ќе те пресретне на пола пат.

Оној кој е доволно храбар да сака жена како тебе е единствениот кој ја заслужува твојата љубов.

Ти си уникатна и единствена во твоите бури. Немој да дозволиш некој да ти каже нешто спротивно.

Има еден вид на магија во твојата способност да ја трансформираш секоја катастрофа во нешто прекрасно.

Твојата едноставна насмевка може да направи да затреперат некои колена и не е твоја вина што ниту еден маж не го забележал тоа досега.

Кога ќе го запознаеш овој човек, неговото храбро срце нема да биде исплашено од твоето присуство. Во свет кој изгледа дека изгубил голем дел од своите вредности, некои жени едноставно се родени за да бидат сакани.

Тој нема да биде совршен. Затоа потсети го дека иако и двајцата правите грешки, тие ве прават совршени еден за друг.

Ова не е љубов заради изглед, ниту затоа што вие сте убав пар. Се се сведува на тоа дека овој маж точно знае зошто вреди и дека не смее да те испушти.

Затоа што никогаш не запознал жена како тебе.

За некои ти си можеби премногу, но за него, ти ќе бидеш единствената причина за да продолжи да се бори. Ти ќе го инспирираш да верува и да се бори за твојата љубов.

Затоа што понекогаш запознаваме луѓе заради кои сите наши правилници за љубов ги фрламе низ прозор.

Ти си се родила различна во свет кој го слави она што е униформирано и слично и иако беше тешко некој да ја прифати твојата оригиналност, кога ќе го запознаеш овој маж, конечно ќе сфатиш зошто.

Никогаш не се работеше за тоа дека треба да бидеш ко другите и особено не за тоа дека не ја заслужуваш љубовта.

Затоа што се што некогаш ти требало, драга девојко, едноставно е маж кој е доволно храбар за да сака жена како тебе.