Дознајте кои податоци од вашиот профил ги собира Фејсбук

Огромна количина на податоци кои Фејсбук ги собира од профилите на секој корисник, е откриена со една мала екстензија на пребарувачот Chrome.

Сајтот користи огромна количина на податоци за корисниците се со цел на огласувачите да им понуди што е можно повеќе информации, за што подобро таргетирање на потенцијални купувачи. Сепак, целиот процес е главно таен.

Алгоритамите на Фејсбук се направени на начин да може да се пресметаат префенциите на корисниците, според она што го имаат лајкувано, страниците кои ги пратат, како и според она што е пребарувано на интернет.

Сајтот ProPublica трвди дека разните компании откупуваат од Фејсбук податоци за корисниците и затоа имаат направено посебна екстензија на Chrome, која овозможува да видите се што Фејсбук знае за вас.