Домашни палачинки со меурчиња кои се топат во уста

За да ги добиете палачинките со дупчиња кои се топат во уста, потребни ви се следниве состојки:

1 шолја јогурт

1 јајце

1 шолја брашно

1/3 лажичка сода бикарбона

1 лажичка масло

½ шолја кисела вода

1 лажичка шеќер

1/3 лажишка сол

Подготовка:

Јогуртот, јајцата, шеќерот, солта и брашното измешајте ги во еден сад.

Во шолјата со кисела вода додадете ја бикарбоната, измешајте и брзо додадете ја во садот со останатите состојки за да направите тесто.

Измешајте добро и оставете го тестото да отстои 10 минути.

Потоа печете тенки палачинки на масло во загреана тава.