Докторите за викенд дежурства ќе добиваат 4.000 денари

Министерството за здравство по три месеци доби министер, а денеска Венко Филипче одржа прес-конференција.

Тој меѓу другото истакна и дека секое дежурство на докторите за викенд ќе се плаќа по 4.000 денари.

Филипче најави дека ќе се направи регистар на болести во Македонија, а обезбедени се и средства за покачување на платата за 5 проценти од втората половина на идната година.