Докторите истакнуваат кои симптоми бараат итен преглед во текот на летото и високите температури

Иако не треба да се крева паника, докторите истакнуваат кои симптоми бараат итен преглед, бидејќи така може да се спаси живот.

Топлотен удар - во летните месеци, хронично болните, постарите лица и децата можат лесно да доживеат топлотен удар, но на него не се имуни ниту здравите лица.

Ако кожата ви стане леплива, настапи бледило на лицето, се потите, не чувствувате потреба за храна и ако сето тоа е проследено со главоболка и вторглавица, грчеви, зазбрзано дишење и неправилна работа на срцето, најдобро е веднаш да се упатите на лекар, кој ќе процени колку сериозна е вашата состојба.

Мозочен удар - пореметување на говорот, отежнато и неразбирливо изговарање на зборовите, омалаксаност на рацете и нозете, нагло заматување или губење на видот, силна главоболка, порив за повраќање и губиток на рамнотежа.

Срцев удар - симптомите можат да бидат многу различни, од само лесна непријатност во градите па до разорувачка болка. Најчесто чувстувате непријатност која се шири на рамената, рацете, грбот, забите и черепот. Без оглед на јачината повикајте Брза помош.