Доколку не преземате ништо, немате право да се жалите дека имате несреќен живот

Животот самиот по себе е контрадикторен од многу аспекти. Чудно е како нѐ привлекуваат личности кои нѐ повредиле, личности на кои сме им лојални иако сме добиле многу удари од нив. Мислата која најчесто се јавува во такви ситуации е: „Можеби овојпат ќе биде поинаку“ или „Не е тој/таа таков/а“ или „Јас ќе го/ја променам“ и најчесто се работи за самозалажување.

Чудно е како многумина се уверуваат себеси дека нешто научиле од грешките, а повторно ги повторуваат. Сето ова кажува дека не можете само да стоите и да не преземате работи во животот. Признајте си дека и овојпат нема да биде поинаку и прифатете го фактот дека не можете никого да промените.

Бидете свесни дека секој од нас има поинаков распоред на листата на приоритети. И колку и некоја личност да ви е на врвот на листа на приоритети, не значи дека тоа е исто и во другиот случај. Признајте си ги овие работи, сѐ останато е само лажна надеж.

Емотивните рани се многу покомплексни од физичките, тие можат да траат, тие може до недоглед да се повторуваат без да сфатите дека треба да се заштитите себеси. Нема смисла да се жртвувате за луѓе кои не би направиле ништо за вас. Со толеранција на работи кои не треба да ги толерирате само си правите штета на самите себеси.

Бидете свесни за својата вредност и недозволувајте им на луѓето да ве омаловажуваат.

А доколку не преземете ништо во врска со ова, немате право да се жалите дека имате несреќен живот.

 

nike free run 5.0 edition