Добро запомнете ги овие зборови: Научно потврден рецептот за среќа на Далај Лама

Далај Лама, во својата книга „Уметноста на среќата“, има напишано:

„За да пронајдеме стабилност и среќа, мораме да научиме да го сакаме тоа што го имаме и да се помириме со тоа што го немаме.“

А сега овие зборови ги потврди и науката. Неврологот Јак Панскеп тврди дека патот кон среќата, а не постигнувањето на целта е она што не прави среќни. Тој објаснува дека исполнувањето на нашите желби нема да ни помогне да имаме долготрајна среќа.

Во својот говор на TED, тој навел седум основни чувства: радост, паника, грижа, страст, страв, бес и љубопитност, односно желба да се пронајде нешто или некого. Токму ова последно чувство е нашиот клуч за среќата.

Тој тврди дека допаминот, хемиска супстанца во нашиот мозок која е поврзана со задоволството, е поврзан и со инстинктот за барање и како што истражуваме и бараме нови информации, нашиот мозок ослободува допамин којшто води кон задоволство.

Џејсон Силва, којшто е филозоф и којшто има свој ЈуТуб канал, вели: „Видео игрите обично завршуваат на два начини: победа или пораз. Но, постојат и долги игри кои можете да ги играте до недоглед. Во нив постојано нешто се случува, секогаш имате нешто да правите.“

Овие истражувања се сложуваат со многу претходно истражувања кои покажале дека богатството и моќта не не прават среќни, туку за среќата се заслужни постојаната потрага и одржувањето на квалитетни односи.