Добра вест за Македонците кои бараат работа во странство: Данска очајно бара работници!

Данска, европска држава чија економија најбрзо се опорави од кризата, сега има уште еден голем проблем. Данските фабрики имаат мака со пополнување на работните места, им фалат работници!

Данска е една од неколкуте европски држави во кои најголем процент од работоспособното население е вработено. Меѓутоа, тоа не е крај на проблемите во нивната економија. Повеќе од една третина од фабриките во Данска имаат празни работни места за кои не можат да најдат работници.

Бараат инженери, механичари, електричари, столари, специјалисти за информатичка технологија и програмери. За да привлечат кандидати, постојано ги зголемуваат платите. Фабриките се до тој степен загрозени од недостатокот на работна сила што мораат да го намалуваат производството, да одбиваат понуди од клиенти и ги одложуваат плановите за проширување.

Стапката на невработеност во Данска е 3,4%. Кога би била уште помала, сигурно ќе настапи инфлација. Од друга страна, земјата бележи скромен раст: минатата година данската економија пораснала за 1,2% . Меѓутоа, побарувачката за работна сила во некои сектори е толку голема што ги загрижува данските експерти и тие сметаат дека тоа може да го стопира нивниот раст. 

Една од мерките кои Владата на Данска ги применува за надминување на овој проблем е и допуштањето на постарите работници да работат подолго време, односно одложување на рокот за одење во пензија. Дури се свртеле и кон вработување на мигранти, но неуспешно, бидејќи многу мал процент од нив се квалификувани за позициите кои данските компании ги нудат.

Данска нуди одлични плати, кои се регулираат преку синдикатот, Владата и здружението на работодавачи, меѓутоа голем дел од компаниите, посебно оние кои работат во секторот на технологии драстично ги зголемија платите во последните години, со цел да привлечат работници.

Просечна плата во Данска е скоро 5.000 Евра! Платата за хигиеничарка во Данска изнесува 2.350 евра, за келнери и до 3.000 евра, работници во обезбедување 4.000 евра, вработени во авио компании 3.500 евра, фармацевти и информатичари 5.500 евра, а најплатени се сметководителите, банкарите и менаџерите – со плати повисоки од 7.000 евра.

Но, постои и уште еден проблем кој ги тера Данците да не работат. Скоро 92.000 Данци живеат од накнадата за невработени, иако можат да работат – само кога би сакале.

Данската Влада прави напори да ги мотивира да работат и оние кои се во привремена пензија, студентите и оние кои примаат инвалидска пензија. Но, тоа не е доволно, па Данска е во потрага и по работници од странство.