Добар татко не е оној кој заработува многу пари, туку оној кој не го напушта своето семејство...

Децата ги стекнуваат речиси сите навики уште од семејниот дом. Тие учат од своите родители и усвојуваат модели на однесување, па затоа добриот татко треба да биде вистински пример за своите деца.

Добриот татко го красат следните карактеристики:

Вистински татко не е оној кој заработува многу пари за да купува скапи подароци на својата жена или деца. Ниту оној кој заработува доволно пари за да им обезбеди школување во приватни училишта. Вистинскиот татко е оној кој секогаш е тука. Оној кој не го напушта семејството во најтешките моменти и никогаш не ги остава најблиските на цедило и самите да се носат со животните проблеми. 

Вистинскиот татко е подготвен да вложи напор и време, дури и кога е уморен, само за да ги направи своите деца среќни.

Вистинскиот и посветен татко е оној кој е подготвен да направи компромис за своето семејство и во одреден момент да ги жртвува сопствените потреби, желби, па дури и среќа.

Добриот татко ги учи своите деца на вистинските вредности, љубов, љубезност и лојалност.

Добриот татко е оној кој е пример за вистински однос кон жената. Оној кој се однесува кон својата жена со достоинство, почит и љубезност. 

Зборовите како „бескорисен“, „слаб“ и „глупав“ не постојат во неговиот разговор со децата. Тој е авторитет, но децата не се плашат од него. За него не постои ништо поважно од семејството, а нивната среќа му е приоритет. 

Добриот татко ги слуша своите деца и ги знае нивните планови, желби и стравови. 

Вистинскиот и добриот татко е оној за кого децата велат: „Тој е пример, мојот најдобар пријател, ментор и учител. Тој е мојот татко.“