Доаѓаат големи промени и животни лекции: Што ни носи влегувањето на Сатурн во знакот Водолија?

Водолијата претставува симбол на заедништвото, хуманоста, поврзаноста со другите, но таа е и симбол на иднината, прогресот и добрата енергија. Нè потсетува на вредноста на пријателствата, тимскиот дух и важноста на бенефитите од делувањето во група.

Сатурн влезе во Водолија на 22 март, каде ќе остане до 11 мај. Тоа значи дека во овој период на прво место ќе ги ставиме заедничките интереси, наместо своите. Ќе биде изразена грижата за другите, а со оглед на моменталната ситуација, тоа воопшто не е лошо.

Иако живееме во време на изолација кое нè принудува да останеме дома и да заборавиме на дружењето, сепак кај нас преовладува желбата да се поврземе, да се грижиме едни за други и да бидеме тука за оние кои ги сакаме.

Овој период носи мир и чувство на хармонија за сите знаци во хороскопот. Вистинско време е да им простите на оние кои ве повредиле. Ќе имате многу сила за да продолжите понатаму. Поволен период е и да се соочите со своите стравови и да ги надминете.

Сатурн во Водолија нè учи како да бидеме подобри луѓе и како да сфатиме дека не можеме сите нешта да ги имаме под контрола.