Доаѓа сонце: Какво време не чека до крајот на месецот?

Од денеска можеме да му поскаме добредојде на сонцето. Навистина се уште е она „со заби“ но сепак, одлично е чувството наутро кога ќе излезете од дома да го почувствувате сончевиот зрак.

Таквото време ќе се задржи се до крајот на оваа недела. Максималната дневна температура може да ја очекуваме во сабота за кога се најавува и наоблачување и услови за дожд. 

Идната недела температурата постојано ќе биде над 12 степени а како што ќе одминува неделата, небото ќе се разведрува.
Дожд не чека на крајот од февруари за кога е најавено и мало спуштање на дневните температури.

Сепак, капутите се уште ќе ни требаат, а не ќе биде на одмет со себе да носите и чадор. Сепак е февруари.