До мажот кој ги засака моите деца како да се негови...

Уште од моментот кога ти ги запозна моите девојчиња, знаев дека ти си вистинскиот. Ги запозна како мој пријател, уште пред да знам дека ќе се заљубам во тебе.

Уште кога моето најмало се затрча кон тебе, знаев дека си посебен. Мојата постара ќерка беше поскептична и се криеше позади мојата нога, влечејќи ги ме за фармерките, но на крај и таа се опушти. И се изгледаше толку природно.

Уште кога првпат преспа кај мене, знаев дека ти вистинскиот. Не ти пречеше ниту хаосот, ниту бучавата и се разбуди кога и тие се разбудија. Првпат чув некој да ми каже: „Поспиј си, јас ќе видам што е работата.“ Ти беше одговорот на моите молитви.

Знаев затоа што ние станавме твој приоритет уште од првиот ден. Никогаш не моравме да се прашуваме дали ќе останеш или дали не сакаш. Ти беше загрижен и исплашен исто колку и јас кога отидовме во болница затоа што помалата имаше температура. Ти остави се за да дојдеш во болница и беше тука за се што требаше. А нивниот татко не се ни потруди да одговори на мојот повик.

Откако тој си замина мислев дека никогаш нема да запознаам некој кој ќе биде до мене и кој ќе ми помогне заедно да ги воспитуваме децата, но ти ми го докажа спротивното.

Ти благодарам.

Фала ти што им читаш приказни пред заспивање и фала што ги тераш да јадат зеленчук за ручек. Фала ти што убиваш бубачки и што ги бркаш чудовиштата од под кревет и фала ти што си нашиот херој. Фала ти што ги замени нашите тивки вечери со забавни ноќи кога сите сме во пижами и играме насред дневната соба. Фала ти што по сто пати трпеливо го гледаш “Frozen”. Фала ти што си толку нежен и добар и што внимаваш на овие две мали девојчиња кои толку бргу растат.

Фала ти што ги сакаш доволно за понекогаш да им кажеш не и да ги учиш на трпеливост, почит и љубов. Фала ти што ме сакаш длабоко и жестоко и преку тебе тие учат како еден маж треба да се однесува со жена. Фала ти што искрено ги сакаш моите деца како твои и фала ти што докажуваш дека не мора да ги делиш истите гени за да бидеш татко.

Љубов моја, фала ти за се, но најмногу од се, фала ти што си таков каков што си.