ДКСК ја усвои националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси што во следните пет години треба да ја спроведат институциите, со цел да се обезбеди подигнување на довербата на граѓаните во системот.

Директорката на ДКСК Билјана Ивановска, на претставувањето на стратегијата, посочи дека ризични области во кои најмногу се препознаваат коруптивните однесувања се вработувањата, процесот на јавни набавки, контролната и надзорна улога и донесувањето одлуки.

– Како причини за коруптивно однесување во овие области констатиравме дека најсилни ризични фактори се политичкото влијание, отсуството на личен и институционален интегритет, недоволната транпарентснот, отсуството на неказнивост и недоследностите и недореченостите во законската регулатива, изјави Ивановска.

Со реализацијата на целите и мерките од стратегијата, подвлече таа, треба да се обезбеди подигнување на довербата на граѓаните во институциите на системот, ефикасноста во користењето на јавните ресурси и јакнење на демократијата и општествените вредности.

– Главните цели на стратегијата се зголемување на нивото на политичка одговорност и свесно управување со политичкото влијание во јавниот сектор и спречување на полиричко влијание во работата на независните тела. Јакнење на интегритетот и отчетноста во јавниот сектор. Спроведување на надлежностите во јавниот сектор на законит, транспарентен, етички, економичен, одговорен и ефективен начин. Обезбедување на интегритет и транспарентност при вработувањето и политиките за човечки ресури во јавниот сектор базиран на систем на вредности и критериуми за квалитет. Јакнење на контролните и надзорни системи и дигитализација на сите сектори на јавните служби и намалување на  корупцијата во процесот на доделување грантови, субвеници и друга државна помош. Зајакнување на капацитетите и посветеноста на органите за спроведување на закон, на обвинителството и судството во откривањето и санкционирањето на корупцијата и јакнење на отпорноста на корупција во нивните редови, изјави Ивановска.

Стратегијата, нагласи таа, предвидува и вклучување на граѓанското општество и медиумите во борбата против корупцијата во општеството, како и подигнување на јавната свест и спроведување на антикорупциска едукација.

– Во поглед на успешна имплементација на стратегијата неопходно е обезбедување на потребните ресурси како предуслов за остварување на стратешките цели. Нашата комисија е надлежна да го следи остварувањето на мерките и активностите од стратегијата и да подготвува годишни извештаи до Собранието, изјави Ивановска.

Националната стратегија денеска свечено ќе биде врачена во Собранието, кое потора треба да усвои. Во изработката на стратегијата биле вклучени претставници од повеќе институции, приватниот сектор, медиуми, граѓански здруженија, експерти и претставници од релевантни меѓународни организации.