Дива жено, рашири ги крилјата...

Долго размислував како да те опишам и што да ти порачам? На кој начин да пишувам за моќната сила која понекогаш воопшто не е свесна за својата сила. „Промена“ е збор кој совршено те опишува.

Уште кога беше девојче, луѓето влијаеја врз тебе. Како исплашена срна се препушти на обликувањето од страна на околината. Семејството, пријателите, мажите. На сите несебично им се предаваше, парче по парче. Тогаш, во процесот кога преминуваше од девојка во жена, почна да се создава нескротливата волчица. Каква борба е тоа, истовремено да бидеш и ловец и плен. А кога овие две работи се обединуваат, тука ти се создаваш, Жено. Единствено што можам да те прашам е: „Дали успеа храбро да ловиш, а истовремено да не бидеш заробена?“

Ти си како Месечината. Понекогаш си делот кој сите го гледаме јасно, делот кој ни го осветлува патот. И исто како што делува дека Месечината оди со нас, така и ти Жено, секогаш си тука за сите. Тоа е твојата природа и она што е најубаво во тебе. Давањето. Љубовта. Нежноста. Топлината. Разубавувањето на животот. Од друга страна ја имаш и својата темна страна. Оној период кога се прашуваме каде исчезна прекрасната Месечина. Одеднаш настапуваат бурните чувства. Понекогаш не си јасна самата на себеси. Несфатлива како Универзумот. 

На овој свет си му потребна како Жена. Сети се која си и не се откажувај од себеси, од својата природа. Не дозволувај да ти ги отсечат крилјата, духот и срцето. На светот му е потребна твојата сила, но и силна љубов која ја пакуваш во блага строгост во желбата сѐ околу себе да направиш да биде поубаво. 

Да, вистина е дека не можат да те разберат. Не можат ниту себеси да се разберат. Но, без оглед на тоа, можат да те прифатат. Знам колку вредиш. И сакам засекогаш да ја откриваш твојата магична внатрешност. Од почетокот до крајот. Од земјата д