Димитров-Борисов: Бугарија поддржува отворање преговори на Северна Македонија со ЕУ

 Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на средбата денеска во Давос на Светскиот економски форум со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, уште еднаш ја потврдил поддршката на Бугарија за започнување на преговорите за членство на Северна Македонија со Европската Унија.

Бугарскиот премиер изразил очекување дека работата на заедничката мултидисциплинарна комисија меѓу двете држави ќе продолжи во конструктивен дух и нема да биде засегната од политичката состојба во Северна Македонија, соопштија од Кабинетот на Борисов.

Борисов и Димитров разговарале и за заедничкото претстојно претседателство со Берлинскиот процес во 2020 година. Во фокусот на нивниот разговор беше позитивниот развој на билатералните односи по склучувањето на Договорот за пријателство, соседство и соработка, пренесуваат бугарските медиуми.