Диџејот Мартин Гарикс доаѓа на „Скопје колинг 2017“ (видео)

Светски познатиот диџеј Мартин Гарикс ќе настапи во рамки на фестивалот „Скопје колинг 2017“.

-После феноменалниот почеток на „Скопје колинг“ лани, со настапите на хитмејкерите Дејвид Гета, Робин Шулц и Кунгс, годинава Скопје ќе биде домaќин на човекот, кој не е само најголема диџеј-ѕвезда во светот во моментов, туку е и ултимативен глобален суперстар на целата планета – велат од „Аволон продукција“.

Настапот на Мартин Гарикс ќе се одржи на 23 јуни, на  стадионот „Филип Втори“.

Иако има само 20 години Гарикс е неизоставен дел од сите големи фестивалски сцени во светот. Светската слава ја стекнува на 17 годишна возраст, со хитот „Animals“, а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love“  и „Scared to be lonely“.

Пред диџеј-сетот на Гарикс, на фестивалот ќе настапат и повеќе имиња, меѓу кои и уште еден светски артист, како и диџеи од регионот што ќе ја отворат вечерта.