Девојка прегазена на булеварот „Борис Трајковски“

Возило „Пасат“ со скопски регистарски ознаки удрило во помладо женско лице вечерва на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје, потврдија од СВР Скопје.

Прегазеното лице со возило на Итна помош е пренесено на скопските клиники.

Сообраќајката  во СВР Скопје е пријавена вечерва во 21 часот и 15 минути.

Во тек е увид на местото на несреќата.