ДЕВИЈАНТНОТО ОДНЕСУВАЊЕ ПРОДОЛЖУВА: Трките на булеварите и улиците во главниот град сериозна опасност за скопјани

Трки со автомобили  и мотори на булеварите и улиците во главниот град, дрифтање со возила на паркинзи во центарот на градот и докажување“фраерлук„ и билдање на сопственото его е нешто кое се почесто го гледаме на улиците.

 Како и секоја измината година така и оваа, започна „сезоната“ на тркачите со автомобили и мотори на најголемите и најфрекфрентните булевари и улици во Скопје. Постојано пристигнуваат поплаки од граѓаните, кои се почесто постираат слики и видеа на социјалните мрежи за однесувањето на оваа категорија на граѓани, а граѓаните се погласно говорат за проблемот со кој се соочуваат со години наназад.

Булеварот „Партизански Одреди“ е местото каде најчесто се појавуваат тргачите кои во доцните часови беснеат со своите мотори и автомобили. Покрај тоа што ги возменируваат жителите на овој дел на градот, граѓаните се плашат за сопствениот живот движејќи се во тој дел од градот, бидејќи кога се случуваат трките се вози со премногу голема брзина и не се почитува ниту еден сообраќање пропис.

-Ова е веќе тортура што се случува во ноќните часови на булеварот „Партизански Одреди„. Живеам кај Симпо и верувајте не постои вечер во летните денови, а да нема трки со мотори или автомобили на булеварот. Прелетуваат со моторите и возилата, ниту гледаат дали свети црвено, ниту гледаат било каков знак. Воопшто не е пријатно чувството, но верувајте се навикнавме да не буди од сон тој силен звук, бидејќи кога нешто постојано слушаш се навикнуваш на тој звук, револтирамо вели Силвана од скопската населба Карпош.

Таа понатаму објаснува дека повеќе пати е пријавувано во полиција, но додека пристигнат полициските службеници, тркачите исчезнуваат.

-Јас верувам дека добиваат од некого информација дека е пријавено, а како успеваат да го направат тоа навистина не знам. Бидејќи не е возможно кога и да пристигне полицијата тркачите да ги нема, а тие единствено можат да реагираат доколку ги фатат на лице место. За жал тоа е скоро и невозможно, објаснува Силвана која понатаму вели дека надлежните органи мораат да најдат некаков начин за да се справат со ваквата појава.

Покрај тркачите со автомобили и мотори, има уште една група на возачи кои ги вознемируваат граѓаните, а тоа се оние кои дрифтаат со автомобилите. Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа како автомобил повеќе од неколку минути дрифта на паркингот на еден маркет каде се уште има голем број на луѓе. За среќа нема повредени во девијантното однесување на тој возач, но и во овој случај се повторува проблемот, а тоа е дека возачот не може да биде санкциониран доколку на лице место не биде фатен.

 Граѓаните сметаат и бараат тоа да се промени, односно доколку се достави видео од возачот кој го загрозувал животот на на граѓаните истиот да биде соодветно санкциониран.