Дете искасано од кучиња во Скопје - нанесени му се видливи повреди

На 15.12.2017 година во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, лицето Т.С. (50) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.20 часот, на ул. „Волгоградска“, од страна на две кучиња бил каснат неговиот 10-годишен син, при што му биле нанесени видливи повреди – расекотини на двете нозе.