Детална дезинфекција на автобусите, возачите со маски и ракавици се одделени во кабините

Откако се воведени рестриктивните владини мерки за борба против Ковид 19, линиите градските автобуски линии „Сити турс“, како и 25, 25А и 25Б кои се обраќаат до Водно се укинати. Во меѓувреме, редуцирани се неколку лини, информираше утрово во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Деспина Трајковска Димова, портпарол на ЈСП.

-Автобусите редовно се одржуваат, но по појавата на Ковид 19, возилата се подложни на дополнителна дезинфекција, со распрскување на соодветни средства и рачно дезинфицирање на ракодржачите, кај што се валидаторите на билети и слично. Возачите освен маски и ракавици одделени се во кабина од патниците, вели Трајковска Димова.

А по саботниот возен ред, воспоставен на дневно ниво поради намаленоста на патници, поради самоизолација и реакциите на граѓаните дека се создава гужва во автобусите, појачани во утринскиот период , кога има поголема фреквенција на луѓе, се линиите 2, 5, 11, 22, 57, 61, 62 и уште десетина други линии.