Детали за страотната сообраќајна несреќа, познат идентитетот на починатата жена

На 27.04.2019 година во 18:55 часот било пријавено дека во Тетово кај кружниот тек од булеварот “Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици, управувано од З.С.(57) од Тетово, а сопатник била Д.С.(52) и патничко моторно возило “Голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од И.Ј.(55) од с.Слатино, а сопатник била Ф.Ј.(56).

Со возило на Итна медицинска помош повредените лица биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана лекарска помош и кај З.С. од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, додека сопатничката Д.С. им подлегнала на повредите.

Кај возачот и сопатникот од возилото “Голф“ од страна на лекар констатирани биле телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција.