Детали за пожарот во стан во Ново Лисиче, пожарникарите извлекуваат неподвижна жена

Пожарникари од скопската противпожарна бригада извлекуваат луѓе од запален стан во зграда во Ниво Лисиче. Командантот на противпожарната бригада, Владимир Симоновски за „Макфакс“ кусо изјави дека додека на една страна се гаси пожарот, од соседната соба се извлекува станарка.

„Во соба веднаш до онаа каде што избил пожарот има жена која што оди на дијализа. Сега ја извлекуваме“, рече командантот Симоновски.

Очевидци велат дека пожаникарите извлекле и жена заглавена во лифотот откако избил пожарот.

Запалениот стан е на булеварот „АСНОМ“ број 64 во Ново Лисиче. Станарите велат дека причина за пожарот била плинска боца.

Командантот Симоновски најави изјава за пожарот откако ќе заврши извлекувањето на луѓето и откако ќе биде изгаснат огнот.