Детали за пожарот кај „Дрво декор“

Во пожарот што избувна денеска околу девет часот зад „Дрво декор“ во центарот на Скопје, изгореа делови од магацин на сервис за вградување плински уреди и од барака со канцеларија.  

Ѕвонко Томевски, командант на бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, изјави дека во пожарот нема повредени лица.

- Пожарот е локализиран и во тек е расчистување на локацијата. Во пламен беше кровната конструкција, а противпожарните екипи интервенираа брзо.  Дојавата за пожарот беше во 9 часот и 15 минути, а е изгаснат за десетина минути, изјави Томевски.

Во гаснењето на пожарот беа вклучени осум противпожарни возила.