Детали: Еден рaнeт во пукањето на Бит пазар

Работник на ЈП „Комунална хигиена“ бил ранет во нога вчера вечерта на Бит Пазар, објави 24 Инфо.

Според неофицијални информаци, повредениот работел  во близина на Албанскиот театар кога забележал група крадци како провалуваат во една од продавниците. Тој најверојатно почнал да вика, по што провалниците се повлекле, а еден од нив извадил пиштол и пукал во метлаарот. Куршумот го погодил човекот во ноата, а крадите се разбегале.

Полицијата веднаш реагирала и биле неколку провалници, но лицето што пукало успело да избега. Повредениот работник на ЈП„Комунална хигиена“ бил пренесен во болница.

Од МВР потврдија дека се случил инцидентот.

- Околу 20 часот на улица 192 пријавена е кражба при која е испукан куршум од пиштол, кој завршил во ногата на А.Ш.(42) од Скопје. Тој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возилото со кое е извршена кражбата е обезбедено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.