Депресија и самоубиствата поврзани со загадувањето, покажува најновата студија

Луѓето кои живеат со загаден воздух имаат поголема стапка на депресија и самоубиство, покажува новото глобално истражување.

Намалувањето за загадувањето на воздухот низ целиот свет во законските граници пропишани од ЕУ може да спречи милиони луѓе да бидат депресивни, вели истражувањето.  Тоа подразбира дека изложеноста на токсичен воздух предизвикува депресија.  Научниците се убедени во ова, но тешко е да потврди без резерва.

Истражувачите кои стојат зад анализата велат дека новите докази треба дополнително да ги зајакнат повиците за она што светската здравствена организација го нарекува  „новите цигари“, односно валканиот воздух.

Покажавме дека загадувањето на воздухот може да предизвика значителна штета на менталното здравје, а тоа го прави чистењето на воздухот уште поважно, вели Изобел Браитваит од Универзитетскиот колеџ во Лондон која го предводеше истражувањето.

Намалувањето на  загадување до границата на ЕУ може да направи голема разлика и тоа може да спречи 15% од депресијата која секојдневно станува сериозен проблем, додава таа.