Денот на македонската револуционерна борба одбележан во општина Илинден

Денот на македонската револуционерна борба во Општина Илинден традиционално беше одбележан со положување свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци.

Букети цвеќе положи делегација на Општина Илинден предводена од градоначалникот Жика Стојановски, претставници на Советот на Општина Илинден, Здружението на пензионери на Општина Илинден, претставници на општинските јавни институции, на здруженија на граѓани, како и граѓани од населеното место Миладиновци.

Васил Аџаларски е роден во село Аџалари, денешно Миладиновци во 1880 година на територијата на денешната Општина Илинден, а загинува 1909 година. Тој пред и по Илинденското востание предводел поголема комитска дружина, а во неговата чета имало повеќе комити од околните места на денешната Општина.