Денеска сончево и топло

Времето ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура ќе се движи од 14 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус еден, а дневната температура до 21 степени.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Во недела врнежите ќе бидат пообилни и поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.