Денеска Македонија го игра одлучувачкиот натпревар за третото место

Македонската репрезентација никогаш нема загубено кога и да играла за Водици.

Денеска на Светското првенство македонската ракометна репрезентација игра со Исланд. Натпреварот започнува во 17:45 часот со директен пренос на МРТ.

Од овој натпревар ќе зависи пласманот на нашите ракометари во групата.

Доколку избраниците на Лино Червар победат, тогаш Македонија ќе заврши на третото место во групата и во осминафиналето ќе игра со Норвешка. Доколку изгубиме, тогаш во осминафиналето ќе играме со домаќинот Франција, репрезентација која е фаворит за освојување на титулата, а за да ја избегнеме Франција, ни одговара и нерешен резултат.