Денеска и утре автобусите на ЈСП ќе возат по изменет режим

Денеска и утре во периодот од 5 до 17 часот поради градежни зафати, на мостот Гоце Делчев ќе биде воведен времен сообраќаен режим, а автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени.

При времениот, изменет режим на сообраќање, автобусите ќе ги користат постоечките постојки на трасите. 

Утре, затворен за сообраќај ќе биде мостот во правец од Мавровка кон Влада (исток-запад), при што линиите 2, 2А, 8, 11, 11А, 12, 18, 19, 32, 56, 56А, 60 и 118 во правец од исток према запад од булевар „Гоце Делчев“ ќе вртат лево по улица „Филип Втори Македонски“ (МНТ), па десно по булевар „11 Октомври“, по улица „Димитрија Чуповски“, потоа десно по булевар „Васил Главинов“ и од крстосницата со булевар „Партизански одреди“ секој продолжува по својата траса.
Во обратна насока, од запад кон исток, сите линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.

Во недела, линиите 2, 2А, 8, 12 и 19 во правец од запад према исток од булевар „Партизански одреди“ ќе вртат десно по булевар „Васил Главинов“, лево по улица „Димитрија Чуповски“ (Рекорд), булевар „11 Октомври“, кај Градска болница лево по улица „Филип Втори Македонски“ (МНТ) и потоа секоја линија продолжува по вообичаената траса.

Линиите 11, 11А, 18, 32, 56, 56А и 60 во правец од запад према исток од булевар „Партизански одреди“ ќе бидат пренасочени десно по булевар „Васил Главинов“, лево по булевар „Димитрија Чуповски“ (Рекорд), по булевар „11 Октомври“, постојка Зелен пазар и на раскрсницата кај Црвен крст ќе вртат лево по булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) од каде ќе продолжат до Транспортен центар.

Во обратна насока, од исток кон запад сите линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.