Денес завршува низата на тропски денови, какво време да очекуваме овој викенд?

Денес е петок, 11 август 2017 година, 223-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:32, а ќе зајде во 19:43 часот. Денот ќе трае 14 часа и 11 минути. 


Во утринските часови имаме претежно сончево и топло време со утрински температури кои што се за некој степен пониски во однос на вчерашното утро, иако и овие температури се над повеќегодишниот просек. 

МАКЕДОНИЈА – Денес го имаме последниот ден од низата тропски денови како резултат на топлотниот бран од кој што беше зафатена Македонија. Ќе биде сончево и многу топло време. Ќе дува доумерен слаб северозападен а во западните предели и западен ветер. Утринските температури од 13 до 23 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 31 односно до 41 степен. УВ индексот ќе има вредност 9. 

Поради високите температури и високата вредност на ув индексот се препорачува избегнување на дирекна изложеност на сонце не подолга од 15 мин во периодот од 10 до 17 часот, ова особено е важно за бремените жени и хроничните болни. Поради опастност од топлотен удар и сончаница треба да се избегнуваат работни активности на отворено. 

Поради високите температури постои и екстремно висока опасност од појава на пожари, затоа се препорачува да се избегнува палење на оган на отворено и фрлање на отпушоци од цигари. 

И уште еден апел до возачите доколку тргнуваат на пат, треба да се избегнуваат најтоплите делови од денот за патување, да се прават паузи на секои 2 часа и да бидат внимателни бидејки е сезона на годишни одмори па низ патиштата има и зголемена фрекфенција на возила. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес тропски ден, ќе биде сончево и многу топло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 21 степен, додека пак максималната дневна ќе достигне до 40 степени. УВ индекс 9. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота во утринските и претпладневните часови претежно сончево време со појава на локална облачност и многу топло време. Попладне продор на нестабилна и посвежа воздушна маса од север која што доцна попладне и навечер ќе услови дестабилизација на времето и врнежи од дожд кои што во северните, североисточните и источните предели ќе бидат поинтензивни и од пороен карактер а можна е и појава на невреме. Во западните и југозападните предели сосема слаби и локални врнежи. Во вечерните часови и во текот на ноќта се очекува и силен северозападен ветер.Утринските температури од 12 до 22 степени, додека пак максималните дневни од 29 до 39 степени. Во недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време. Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 8 до 19 степени, додека пак максималните дневни од 19 до 28 степени. Во понеделник претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време. Минималните температури од 9 до 20 степени, а мкасималните дневни од 24 до 32 степени. Во вторник сончево и топло време со дневна температура од 25 до 34 степени.

Weather4all.com.mk