Денес сончево и многу топло, од утре следуваат промени

Денес времето ќе биде сончево со мала до умереност облачност и многу топло. Ќе дува слаб  ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 16 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени. УВ=8

Во Скопје Малку до умерено облачно и многу топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. 

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса до вторник времето ќе биде стабилно суво и многу топло. Од понеделник се очекува промена на временската состојба кај нас. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во попладневните часови ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи,  како  и со засилен ветер.