Делови од Скопје утре без струја и вода

Без електрична енергија утре од 08:30 до 16:00 часот ќе бидат корисниците на улиците „Балзакова“, „Дренак“ и „Невена Ѓорѓиева Дуња“, во општина Кисела Вода.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради технички зафати во електро-мрежата без струја во периодот од 09:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците на улица „Лондонска“, додека од 08:30 до 12:00 часот корисниците на дел од улица „Козле“ под улицата „1“, во општина Карпош.

Без струја утре од 08:30 до 17:00 часот ќе бидат и корисниците на улицата „Методија Шаторов Шарло“, во општина Аеродром.

Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ извести дека в среда и четврток од 9 часот ќе останат без водоснабдување во куси временски периоди до завршувањето на интервенцијата дел од корисниците од населбата „Водно“. 

Причината за прекинот во вооснабдувањето е заради чистење и хлорирање на лева комора од резервоарот „Барутана 1“.

Дел од жителите од населбата Лисиче утре од 8 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка на булеварот „АСНОМ“ бр. 150 во населбата Лисиче. Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.