Делови од повеќе скопски општини денеска без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат денеска ќе бидат делови од неколку скопски општини.

• од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Тодор Чангов и дел од ул. Богомилски поход, ( кај поранешна фирма – Рио Кафе ). ( Општина Аеродром )

• од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од ул. Анкарска згради бр. 21, 23, 33 и објектот на Маркет Рептил. (Општина Карпош )

• од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Волче Наумчевски и ул. Пекљане. ( Општина Ѓорче Петров )

• од 09:30 до 11:00 часот, корисниците од ул.6 во с. Љубанци. ( Општина Бутел )

• од 10:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул. Христо Татарчев, подулица бр. 24. ( Општина Кисела Вода )

• од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Црногорска од бр. 1 до бр. 31, ул.Анастас Коцарев од бр. 8 до бр. 20 и ул.Беаз Куле од бр. 2 до бр. 24. ( Општина Ѓорче Петров )