Делови од општините Ѓорче Петров и Чучер-Сандево утре без струја

Дел од жителите од скопските села Волково и Орман утре од 9 до 15 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 10 до 13 часот без снабдување со струја ќе бидат дел од корисниците од село Долно Блаце.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа.