Делови од општините Центар и Сарај во недела и понеделник ќе останат без струја

Без електрична енергија во недела на 16 јули во период од 9:00 до 13:00 часот ќе останат корисниците од ул. „Франклин Рузвелт“ бр.34, како и објектот на СЈО и локалите лоцирани околу СЈО во општина Центар, информираат од РЦУК Скопје.

Во понеделник на 17 јули  без струја во периодот од 8:30 до 13:00 часот, ќе останат дел од корисниците од ул. „Тасино Чешмиче“ на потегот помеѓу бул. „Тодор Александров“ до ул. „Драмска“ во општина Центар, а во периодот од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од село Матка, како и сите угостителски објекти и објектот на Јасен во општина Сарај.