Делови од Ѓорче Петров и Кисела Вода утре ќе останат без струја

Делови на две скопски населби утре ќе останат без струја, известуваат од ЕВН Македонија.

„ЕВН Македонија“ соопшти дека утре (23.06.2017) без електрична енергија заради закажани технички зафати ќе останат неколку улици во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода

Во периодот од 08.30 до 11.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улица Ибе Паликуќа во општина ЃорчеПетров), додека пак од 8 до 10 часот струја нема да има на улицата Димо-Хаџи-Димов од број 101-121  и од 100 до 120 на истата улица како и улицата 14 -ти Декември и  во општина Кисела Вода.