Дел од општина Центар утре без вода

Поради промена на водомер на булеварот Климент Охридски бб, кај Театар Комедија во општина Центар, без вода утре од 10 часот па до завршување на работата ќе бидат корисниците на потегот од булевар Кирил и Методиј до улицата Димитрие Чуповски.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради промена на водомер на булеварот „Климент Охридски“ бб, кај Театар Комедија во општина Центар. Прекинот ќе биде се до завршување на работата.