Дел од општина Аеродром остана без вода

Дефект на водоводна цевка на бул. „АСНОМ“ 112 во Општина Аеродром вечерва го прекина водоснабдувањето на дел од корисниците и поплави поголем број возила паркирани пред зградите. Поплавена е целата улица и паркингот покрај булеварот.

Од АД Водовод за МИА изјавија дека нивни екипи се испратени на терен и оти ќе работат се до  отстранување на дефектот.

Прекинот на водоснабдувањето настанал во 21:05 часот.