Децата во Македонија се втори по дебелина во Европа

Според едно европско истражување, тинејџерите во Македонија се најдебели на Стариот континент по врсниците од Малта. 

Во истражувањето се наведува дека зголемувањето на бројот на деца со вишок на килограми се должи на неправилниот живот и малата физичка активност, а особено на долгото седење пред компјутери или конзоли за игри. Професори од Факултетот за физичка култура предупредуваат дека децата секојдневно треба да имаат физичка активност од барем еден час. Тие апелираат физичкото воспитување да се издигне во општествените приоритети.

При испитувањето на физичкиот развој,телесниот состав, крвниот притисок и моторните способности кај основците, регистрирано е голем процент на ученици со умерено прекумерна и прекумерна тежина. Според проценката дури 28% од децата на возраст од 7 до 10 години се борат со вишокот килограми. Веднаш по Малта, децата од македонија на возраст од 13 до 15 години имаат прекумерна телесна тежина, објавено е на листата од  20-тина Европски земји во кои е извршено истражувањето.

Ова се одразува и на вредностите на висината и моторните функции кај децата, и затоа се бара подобро решение за физичка активност кај децата, кои наместо на часовите по физичко да седат би имале вистински час по физичко.