Деца питачи на раскрсници, до кога?

Бебиња и малолетни деца наместо во игра секојдневието го поминуваат боси низ скопските улици барајќи некој денар. Раскрсници  преполни со деца и жени со бебиња кои бараат од возачите “по некој денар за леб” е сликата која и натаму секојдневно ја гледаме по улиците. За ситуацијата да биде уште позагрижувачка тие често ја заработуваат и дневната доза цигари и алкохол на нивните родители.

Честа е сликата низ градските раскрсници каде граѓаните им даваат пари на децата кои питачат.Социјалните работници велат дека тие се најголемата жртва поради тоа што парите веднаш им ги земаат родители,  а тие повторно остануваат гладни.

Сликата со питачи на семафорски раскрсници, кои со подадена рака им приоѓаат на возилата, како да стана дел од скопското секојдневие. Доволно е само да се помине со автомобил по некоја од пофреквентните сообраќајници во градов и средбата со нив е неизбежна.

Она што веднаш паѓа в очи е дека најголем дел од оние што питаат на сообраќајните крстосници се деца.

„Чичко, дај некој денар“ или „те молам, дај ми пари, немам за јадење“ се обраќањата од децата питачи што застануваат речиси пред секој автомобил од колоната што чека на семафор.

Бројките се поразителни, министерството за труд и социјална политика евидентира дека има околу 650 деца кои се секојдневно изложени да просат. Иако бројките  во реалноста се поголеми, се тврди дека бројката изнесува околу 1000. Државата кривично ги гонеше несовесните родители кои наместо да им пружат нега и образование на своите деца тие немилосрдно ги оставаат  на пеколно високи и минусни.